https://www.facebook.com/photo/?fbid=598088161672509&set=pcb.598088958339096

02.07.2022 Скопје

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, за денес најави дека ќе одржи брифинг за содржината на усогласениот протокол со Бугарија за спроведување на Договорот за добрососедство, кој ако се прифати францускиот предлог, ќе мора да биде потпишан пред земјава да ги почне преговорите, но истиот го одложи поради многуте погрешни толкувања на предлогот кои најпрво мора да се деформираат.

Формулацијата „македонски јазик“ во преговарачката рамка за земјава ќе биде чиста, а во записникот од состанокот за старт на преговорите на Македонија со ЕУ ќе влезат една бугарска и една македонска изјава, за тоа како тие гледаат на него. Според Османи, иако ќе влезат овие две изјави во записникот од состанокот, тие нема да имаат никаква правна тежина за преговарачката рамка, ниту би се појавиле некаде понатаму во некој документ во процесот на пристапување на земјава.

Според Бугарија, нивниот став за македонскиот јазик е дека според Португалскиот договор не постоел пред 1945, дека бил еден од дијалектите на бугарскиот јазик, додека пак според Македонија се уште не е дефинирано, затоа што ако се водиме по Португалскиот предлог ќе треба да биде дека македонскиот јазик е официјален јазик на РС Македонија, а современиот македонски јазик е кодифициран во 1945 година како секундарна кодификација, не како примарна.

Османи ги истакна и аргументите поради кои вчера Министерството за надворешни работи и препорачало на Владата да го прифати францускиот предлог, во кои освен чистата формулација на македонскиот јазик, стои и образложение за тоа која е разликата меѓу Протоколот од Договорот за добрососедство со Бугарија, кој македонската страна не го прифати и членот 12 од истиот Договор, од кој произлегува протоколот, а кој е прифатлив за земјава.

На денешниот брифинг, Османи предупреди за последиците за земјава доколку Македонија не се качи на последниот воз за Европската Унија, како што се меѓуетничките тензии меѓу различните категории граѓани.

Подготвено од М.Н.

About Author