14.07.2022 Скопје
Во свое обраќање денес во Собранието пред пратениците, во рамки на 80-тата планетарна седница, Урсула фон дер Лајен изјави дека овде е бидејќи верува дека ова е моментот да продолжиме напред кон заедничката иднина во ЕУ, како полноправна членка. Лајен се надева дека Македонија ќе направи уште еден чекор кон Унијата, бидејќи како што кажа таа: „Европа ве чека“.
Во обраќањето Лајен истакна дека Македонија покажала смелост и решителност, а договорот од Преспа претставувал храброст и го отвори патот за членство во НАТО. Исто така, додаде дека Македонија е кандидат да стане земја членка на ЕУ од 2005 година, многумина од пратениците во Собранието работеле напорно и сега сите заедно мора да го свртат погледот пред нив и да се започнат пристапните преговори и со заедничка соработка на патот што води кон ЕУ.
На седницата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, како и високи претставници од земјава и странство.
За време на обраќањето на Лајен, пратениците од опозицијата истакнаа транспаренти „предавници на народот“, „јазикот е идентитетот“, „народот вели НЕ“, „свестете се“ и други натписи.
Подготвено од М.Н.