https://www.flickr.com/photos/pittpanthersfan/49801186563

20.07.2022 Скопје

Европската Унија се соочува со опасност од дополнително намалување на гас од Русија.

Европската Комисија во средата го претстави планот „Заштедете гас за побезбедна зима“, со кој се предвидува намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто, во периодот од 1 Август оваа година до 31 март 2023 година.

Планот за намалување на потрошувачката на гас предвидува сите потрошувачи, домаќинства, јавната администрација, сопственици на јавни згради, производителите на енергија и индустријата да превземат мерки во оваа смисла на доброволна основа. Предлогот и дава можност на Комисијата, по консултација со земјите членки, да објави предупредување на ниво на Унијата. Таква вонредна состојба може да се прогласи во случај на висок ризик од недостиг на гас или во случај на исклучително голема побарувачка за гас.

Комисијата ги повика земјите членки да почнат јавна кампања за подигање на свеста за потребата од намалување на греењето и ладењето, бидејќи се намалени испораките на гас од Русија.

Подготвено од М.Н.

About Author