https://www.flickr.com/photos/cor-photos/44275451940

15.07.2022 Скопје

Објавено е видео на социјалните мрежи од кое се гледа дека Европската комисија не зборува за признавање на македонскиот јазик, туку за јазикот на луѓето во Република Северна Македонија.

Со изјавата на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Собранието на Република Северна Македонија дека Европската Унија го признава македонскиот јазик, спротивно од тоа изјави заменичката потпаролка на Европската комисија, Дана Спинант и кажа дека Урсула фон дер Лајен зборувала за луѓето во Република Северна Македонија, која таа го нарекла македонски.

На директно прашање, дали тоа значи дека Европската Унија го признава македонскиот јазик, Спинант изјавила дека нема да навлегува во изјавата на Лајен.

Оваа изјава на официјален Брисел е сериозен удар за Владата на Ковачевски, која тврди дека со предлогот од Франција, македонскиот јазик е „бетониран“ и чист.

Според изјавата на потпаролката на Европската комисија, Унијата не потврдува дека го признава македонскиот јазик.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *