02.07.2022 Скопје
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, говорејќи на панелот „Нови пристапи во постигнувањето на целта за нет-зеро“, порача дека АД ЕСМ паралелно работи на стабилно обезбедување и испорачување на електрична енергија за граѓаните, и истовремено работи на изградба на електрани на обновливи извори и спроведување на зелената агенда.
Ковачевски истакна дека европската енергетска криза ги отежнува активностите од зеленото сценарио, и во Европа и кај нас, но и покрај тоа првата фотонапонска електрана Осломеј – 1 е изградена во текот на ковид кризата и енергетската криза, во исклучително тешки услови за работење, и таа електрана веќе произведува електрична енергија од сонце. Воедно, АД ЕСМ има обезбедено финансирање и за ФЕ Битола-1 од 20MW и ФЕ Осломеј-2 од 10MW, како и други проекти за обновливи извори во подготовка, со кои имаат намера да го заменат производството од јаглен, додека базната енергија би се обезбедувала од електрани на гас, и од хидроелектраната Чебрен.
Подготвено од М.Н.