24.07.2022 Скопје
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека во текот на ноќта, вулканот Сакураџима на големиот западно јапонски остров Кјушу еруптирал и засега нема извештаи за направените штети.
Издадено е ниво на предупредување за ерупција од 5 највисоко, а на жителите од некои области на островот им се упатила препорака да се евакуираат.
Сакураџима е еден од најатрактивните вулкани во Јапонија и неговите ерупции на различни нивоа се многу чести, во 2019 година вулканот исфрли пепел во висина од 5,5 километри.
Подготвено од М.Н.