26.07.2022 Скопје
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган застана во одбрана на претседателот на Русија, Владимир Путин и ги критикуваше неговите колеги од Западот, поради лошиот став што го завземаат спрема рускиот претседател.
Ердоган кажа дека Турција има многу важна улога во односите меѓу Русија и Украина, односно меѓу Путин и Зеленски. Исто така, истакна дека ставот на Западот кон Путин е погрешен, бидејќи Путин се однесува кон нив исто како што Западот се однесува кон него и додаде дека воопшто не знаат како треба да пристапат кон рускиот претседател Владимир Путин.
Подготвено од М.Н.