18.07.2022 Скопје
Доколку Финска и Шведска не ги исполнат барањата на Анкара, претседателот на Турција се закани дека повторно ќе го блокира приемот на двете земји во НАТО.
Шведска до сега не остава добар впечаток и доколку тие две земји не го исполнат ветувањето за превземање антитерористички акции, што го дадоа минатиот месец, Турција ќе го замрзне процесот за приклучување кон НАТО.
Трите земји потпишаа договор на Самитот на НАТО во Мадрид минатиот месец, по што Анкара го укина ветото, но под услов двете земји да го исполнат ветувањето поврзано со наводните терористички групи и извозот на оружје.
Турција на Самитот најави дека внимателно ќе го следи спроведувањето на договорот, пред да го ратификува влезот на двете земји во НАТО, но од досегашните резултати, турскиот претседател Ердоган воопшто не е задоволен.
Подготвено од М.Н.