https://www.facebook.com/photo/?fbid=535824364575145&set=a.256125392545045

03.07.2022 Скопје

Пред сите други амбасадори на земјите членки, е поднесено експлицитно барање од бугарскиот амбасадор во Брисел, а тоа е Бугарите да бидат секаде во Уставот на Република Северна Македонија.

Од нашата Влада и Министерството за надворешни работи тврдат дека усогласено е Бугарите да бидат само во Преамбулата на Уставот и само во мал дел би биле застапени Бугарите.

Пендаровски истакна дека не може да се прави преседант и не може во Уставот да бидат ставени Бугарите, таму каде што не се и другите нации од народот. Исто така, додаде и дека тоа е конститутивен елемент и тука нема дилема дека нешто ќе се менува.

Претседателот на Република Северна Македонија нагласи дека доколку дојде до опција да се прифати ова барање, ќе треба да има уште една измена во нормативниот дел од Уставот, кој се вика Комитет на заедници, во кој претпоставува дека ќе има место за Бугарите. Воедно, таму ќе се споменуваат во нормативниот дел како и сите други што ги има во Преамбулата на Уставот.

Подготвено од М.Н.

About Author