04.07.2022 Скопје
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, изјави дека Дирекцијата е подготвена за справување со евентуални пожари во претстојната летна сезона.
За подготвеноста на специјалните авиони за гаснење пожари „ер трактор“, Максути информираше дека едниот е веќе вратен од сервис, додека другите два треба да стигнат набрзо.
Пред две недели се вршеа тренинзи на Охридското Езеро со авионот што е вратен од сервис. Извршени се и пробни летови, а продолжени им се и лиценците на пилотите.
Директорот изјави дека освен авионите ќе има и друга опрема за гаснење на пожари, но и има голем број на доброволци кои сакаат да бидат дел од тимовите на ДЗС. И покрај подготвеноста на Дирекцијата, според Максути, први на пожарите треба да одговорат службите на општините, односно територијалните против – пожарни единици.
Подготвено од М.Н.