Photo by Karolina Grabowska: https://www.pexels.com/photo/stack-of-different-currency-with-photo-of-men-and-buildings-4386158/

15.07.2022 Скопје

Американскиот долар го надмина еврото и ја достигна највисоката вредност во последните 20 години. Некои аналитичари предвидуваат дека еврото би можело да падне на 90 американски центи, доколку Русија ја ескалира кризата со прекинување на дополнителните испораки на гас за Европа.

Без оглед на курсот на доларот и дали рецесијата е неизбежна, инвеститорите најверојатно ќе треба да се подготват за многу понестабилни пазари отколку што беа навикнати во овие 40 години.

Критичарите на САД сметаат дека доларот е привелигиран на глобалниот пазар. Така поранешниот руски претседател Димитри Медведев тврди дека Вашингтон со своите постапки ја уништува довербата на својата валута.

Сепак, еврото како втора најмоќна валута учествува со 20 насто од светските девизни резерви, а криптовалутите се покажаа како прилично нестабилни.

Светската банка предупредува на можна глобална рецесија поради војната во Украина. Ова создава криза во платниот биланс во многу земји увозници на нафта, особено во Африка, Латинска Америка и Азија.

Шри Ланка, една од најсиромашните земји во Азија, е веќе на работ на економски колапс.

Подготвено од М.Н.

About Author