22.07.2022 Скопје
Потпаролката на владеачката партија, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција истакна дека освен градоначалниците, тука се и директорите, кои се поставени од страна на опозицијата, се тешко разочарување за граѓаните. Воедно, изјави и дека партизацијата и неспособноста, барањето на разни оправдувања за лошото раководење се заедничкиот именител на директорите од опозицијата, кои раководат со јавни институции и претпријатија во единици на локалната самоуправа со кои управува опозициската партија.
Потпаролката Кузеска изјави и дека скоро поставената директорка на ЈП Комунална хигиена – Скопје, Косана Мазнева, е блиска соработничка на лидерот на опозицијата, се заканува со повисоки сметки за граѓаните и на тој начин се труди да ја сокрие својата неспособност да менаџира со претпријатието.
Потпаролката на владеачката партија, Богданка Кузеска, на прес-конференцијата изјави и дека доколку кадрите поставени од опозициската партија не знаат да работат со претпријатијата и институциите во Скопје, да си дадат оставка, бидејќи никој не смее да трпи штети поради нивната неспособност.
Подготвено од М.Н.