19.07.2022 Скопје
Денес во Брисел, власта од Македонија на т.н. Меѓувладина конференција во име на македонскиот народ пред Европската Унија, се заложија дека во иднина ќе ги спроведат сите барања на Бугарија како платформа за постепена бугаризација на Македонија.
Процесот за разнебитување на македонската држава, народ и нација, практично започна по прогласувањето на независноста.
Со ова Унијата, не само што по кој знае кој пат, користејќи двојни аршини во интеграциски односи на Македонија, спроведува дискриминаторски односи кон македонскиот народ, но и давајќи и поддршка на Бугарија во нејзината цел, остварување на нео-фашизмот во Македонија.
ЕУ не само што ја разобличија маската за постоење на некакви европски вредности, туку погазија и бројни принципи на меѓународното право на една држава.
Со денешниов чин во Брисел, домашните предавници уште еднаш ја ставија Македонија во подредена положба на странска држава и за тоа некогаш ќе ги стигне правдата.
Со ова соопштение реагираше една од политичките партии во Република Северна Македонија, поради првата Меѓувладина конференција во Брисел.
Подготвено од М.Н.