28.07.2022 Скопје
Црногорскиот кадетски репрезентативец, Андреј Добрковиќ кој има само 18 години, потпиша двегодишен договор со Вардар. Добрковиќ доаѓа од Цеље и игра на позицијата среден бек. Добрковиќ ќе биде соиграч на Мартин Карапалевски и на крајот на годината на нив двајца ќе им се приклучи и Анте Гаџа кој почна да тренира по операцијата на лигаментите на коленото.
Добрковиќ е познато презиме за Вардар, бидејќи неговиот татко Марко Добрковиќ настапуваше една сезона во Вардар во 2005/2006 година. Во моментов е на подготовки со репрезентацијата на Црна Гора за настап на Кадетското Европско првенство, а потоа ќе се приклучи на подготовките на Вардар.
Подготвено од М.Н.