08.07.2022 Скопје
Кирвичниот законик во член 288, став 3, за делото „Предизвикување општа опасност“ предвидува казна затвор од една до пет години. За вакво дело се товари Цуфи Кока, кој упатил неколку истрели во воздух, додека во тек беше протестот против францускиот предлог. Кока е веќе во притвор, а Обвинителството го товари за делото, согласно обезбедени докази за случајот.
Второто лице со пиштол е 34 годишен маж со иницијали С.Р. кој што се гледа на снимките со црна капа и наочари како држи пиштол на плоштадот Скендербег и тој бил приведен на разговор во полициската станица. Казната што е предвидена за овој тип на прекршок е од 600 до 1000 евра, но се уште нема информации дали на лицето му е изречена казна.
Во меѓувреме уште осум полнолетни лица кои учествуваа во нередите пред Собранието на 5 Јули, се осомничени дека сториле кривично дело, односно мавале со тврди предмети, пиротехника и молотови коктели и вршеле напад на службени лица.
Подготвено од М.Н.