ministerstvo za trud i socijalna politika, metodologija na plati

13.07.2022 Скопје

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска изјави дека новата методологија за платите ќе биде до крајот на оваа година, а ќе почне да се применува од почетокот на следната година. Тренчевска додаде и дека социјалниот дијалог е отворен и со новата методологија и со Законот за плати ќе растат платите во јавниот сектор.

https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/291499540_158662793402160_574622817585160812_n.jpg?_nc_cat=110&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=tIfPuAvRS-kAX9K4A6V&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT85FsEenqRfDk_3MKubsvgBiXCiUyC2pRUo4itW7-5irQ&oe=62D55366

Во однос на исплатата на регресот за годишен одмор, министерката посочи дека К-15 треба да биде исплатен до крајот на годинава и секоја институција во рамки на својот буџет треба да направи пресметки и исплата согласно гранскиот колективен договор со УПОЗ.

Photo by Pixabay: https://www.pexels.com/photo/cash-coins-money-pattern-259165/

Парите се во рамки на секое министерство, а правото на исплата на регрес за годишен одмор најчесто се исплатува до крајот на годината, така што секоја институција внатре во својот буџет ќе си направи релокација и ќе ги исплати потребните средства.

Подготвено од М.Н.

About Author