https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Banderas_europeas_en_la_Comisi%C3%B3n_Europea.jpg

10.07.2022 Скопје

Европската комисија, на прес-конференцијата одржана во Скопје, изјави дека македонскиот јазик и идентитет не се доведени во прашање, со што не гледаат проблем во врска со тоа како е формулиран македонскиот јазик во преговарачката рамка со ЕУ, потсетувајќи дека во предлог рамките за Црна Гора и Србија стоело само „официјален јазик“, а кај нас „македонски јазик“.

Photo by Dušan Cvetanović: https://www.pexels.com/photo/eu-flag-12541596/

Во однос на добрососедските односи, претставниците на комисијата не гледаат голема разлика во овој сегмент меѓу она што го содржи предлог рамката за Северна Македонија и она што го имаат Србија и Црна Гора, и двете имаат елементи на добрососедски односи.

Комисијата ќе посвети особено внимание на обврските на Северна Македонија во однос на добрососедските односи и регионалната соработка во референца на членот 5 и за имплементација ќе ја информира Меѓувладината конференција, се вели во членот 47 од предлог рамката.

Што се однесува до бараните гаранции дека во иднина нема да има блокади, изјавија дека не можат да дадат таква гаранција, но истовремено објаснија дека позицијата на Северна Македонија ќе биде посилна ако почне преговори, а не ако остане надвор.

Подготвено од М.Н.

About Author