05.07.2022 Скопје
Иако не е на дневен ред на денешната владина седница, сепак големи се шансите францускиот предлог, пред старт на седницата, да биде ставен на одлучување.
Според информации, Шарл Мишел ќе седи меѓу министрите на денешната седница и според тоа се очекува токму пред него, министрите од Владата на Ковачевски да го усвојат предлогот, против кој во моментов се протестира пред Владата.
Во краткото соопштение од Владата стои дека по одржувањето на седницата, со почеток од 12 часот, јавноста ќе биде информирана.
Според информации од јавноста, по денешната седница на Владата, се очекува предлогот да биде ставен и на гласање во Собранието на седницата, која најверојатно ќе се одржи во четврток.
Подготвено од М.Н.