01.07.2022 Скопје
Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека предлогот од француското претседателство ќе биде објавено денес на официјалната владина веб-страна. Исто така, за денес најави повеќе средби и консултации во врска со предлогот.
Во 11 часот во Владата ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владината коалиција, веднаш потоа предлогот ќе се објави на владината веб-страна.
Во текот на денот покрај средбата со владината коалиција, ќе се одржат и консултации и разговори со експертската и стручната јавност, а подоцна и со медиумите.
Премиерот Ковачевски повикува на одговорност, бидејќи шпекулациите за важните државни и национални прашања нема да одат никому во прилог. Затоа апелира до сите политички партии и медиуми да се потпираат на официјалните информации од институциите и бара поддршка од сите чинители за да биде донесена мудра одлука во интерес на сите граѓани.
Подготвено од М.Н.