https://www.facebook.com/photo.php?fbid=362454486065085&set=pb.100069016095883.-2207520000..&type=3

31.07.2022 Скопје

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека дел од улиците во централното подрачје на градот Скопје денеска ќе бидат затворени за сообраќај, со што посебниот режим на сообраќај ќе се воспостави со почеток од 07:30 часот и за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, и тоа на потегот од крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ до крстосницата со улица „Васил Главинов“, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници по сообраќајниците, каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author