30.07.2022 Скопје
Македонскиот шампион соопшти дека Вардар добива брз, прецизен и искусен играч со големо меѓународно искуство со што екипата повторно гради силен, респектабилен и конкурентен тим и за следната сезона.
Редовите на актуелниот шампион Вардар 1961 ги засили македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој се врати во „црвено-црниот“ дрес по пауза од шест години.
Манасков изминатите неколку сезони успешно настапуваше во редовите на унгарскиот Веспрем, како еден од најдобрите стрелци со 540 голови на 160 натпревари.
Подготвено од А.Ѓ.