https://healthpolicy-watch.news/people-with-disabilities-have-been-silent-sufferers-during-covid-19-pandemic/

27.07.2022 Скопје

И по една цела година ветувања од надлежните во Северна Македонија, лицата со попреченост се уште не ги уживаат своите права за достоинствен живот. Заборавени, неразбрани и неприфатени – тоа е реалноста која ја живеат лицата со попреченост во државата.

Од коалицијата МОЖЕМЕ во петок ќе поднесат барање до делегацијата на ЕУ во земјава за поддршка на нивните права. Коалицијата има 4 барања, зголемување на додатокот за лицата со попреченост за 35%, ортопедските помагала да бидат на товар на фондот, создавање на регистар за лицата со попреченост и симнување на границата од 26 на 18 години. Доколку надлежните не изнајдат парични средства за нивните барања, велат дека ќе ги радикализираат чекорите и ќе го блокираат скрининг процесот од страна на ЕУ.

Од Коалицијата МОЖЕМЕ велат дека една година веќе е помината откако оствариле средба со МТСП, а нивните барања се уште се заглавени во ќор-сокак. За држава која претендира да биде дел од ЕУ, не и доликува ваков дискриминирачки однос, државата вреди онолку колку се грижи за беспомошните, велат од Коалицијата МОЖЕМЕ.

Подготвено од М.Н.

About Author