06.07.2022 Скопје
Шефот на главниот разузнавачки одел на генералштабот на белоруските вооружени сили, Руслан Косигин, изјави дека неодамнешните воени чекори на Западот, особено активностите во Полска, во суштина се подготовка за војна.
Косигин, кој е заменик началник на генералштабот на белоруските вооружени сили, вели дека овие активности се всушност подготовки за ангажман за армијата на источното крило на НАТО. Тој додаде и дека Полска и балтичките земји се претвараат во полигон, каде што САД планира да почнат уште еден крвав конфликт во Европа против Русија.
Тековните подготовки за распоредување на европските сегменти на американскиот систем за против ракетна одбрана додава посебно внимание од Белорусија и додаде дека НАТО деновиве ќе пушти во употреба база за антиракетна одбрана во Полска.
Косигин соопшти дека во случај на провокации од Западот, одговорот од Белорусија ќе биде пропорционален и остар и додаде дека Полска мора да разбере дека во случај на конфликт ќе стане примарна цел на воен напад.
Подготвено од М.Н.