https://www.facebook.com/photo.php?fbid=601199701370944&set=pb.100044427579784.-2207520000..&type=3

31.07.2022 Скопје

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во едно интервју изјави дека нема никакво разбирање на барањето на опозициската партија за референдум, затоа што станувало збор за манипулација која лидерот на опозицијата ја прави прилично неочекувано.

Пендаровски истакна дека според Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија, Северна Македонија не може да влезе ниту во НАТО, ниту во Европа, ако нема договор со комшиите, со што упати директно прашање до две политички партии: „Дали сакате Република Северна Македонија да биде членка на ЕУ?“. Воедно, Пендаровски во врска со брзањето за да се прифати францускиот предлог, ја призна вината поради лошото менаџирање на очекувањата во јавноста.

Според него, штетата со шпекулациите во јавноста веќе била направена и можеле уште шест месеци да ја објаснуваат, но веќе добар дел од народот бил изманипулиран.

Пендаровски нагласи дека очекува разумно однесување од другата страна, но и дека повторно може да има неразумни барања.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author