https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/294401702_608480193966639_3001998311821497829_n.jpg?_nc_cat=102&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=czDciiXDkRAAX8TyrTA&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT8n6GWpNWsr52RRWRDs4tqAFgdqWXqHJLo9DlOZBrYcdQ&oe=62DBF9B1

17.07.2022 Скопје

Денеска во Софија се очекува да биде потпишан билатералниот протокол помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и неговата бугарска колешка, Теодора Генчовска, треба да го потпишат протоколот.

Внесувањето на Бугарите во Уставот останува услов за Северна Македонија за отворање на поглавјата, а во Протоколот е наведено дека тоа ќе се реализира со формулацијата „припадници на други народи“, каков што е бугарскиот народ. Во документот е предвидено и заедничко честување на историски личности, но откако за тоа ќе се договорат членовите на Историската комисија.

Според дипломатски извори, историските и билатералните прашања, не се одредници по кои ќе се оценува прогресот на земјава на патот кон ЕУ.

Потпишувањето се очекува да биде во 10 часот по бугарско време, по што според најавите ќе биде јавно објавен.

Подготвено од М.Н.

About Author