https://www.flickr.com/photos/121483302@N02/13912590316

22.07.2022 Скопје

На Безбедносниот форум, што се одржа во Аспен, во американската сојузна држава Колорадо, Вилијам Брнс, кој е директор на американската разузнавачка агенција ЦИА, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин верува дека САД ќе заборави на Украина.

Брнс смета дека Путин греши овој пат, додавајќи дека е тешко да се разберат стратегиските одлуки на Путин без да се разбере состојбата на неговиот ум. Исто така, истакна дека Путин не верува во добрата страна на човековата природа и бесконечно е сомнителен и секогаш фокусиран на работите кои што може да ги искористи.

Директорот на ЦИА изјави и дека Путин во последно време има се помал круг на советници, бидејќи за никој од советниците не е паметен потег да му противречи на рускиот претседател.

Подготвено од М.Н.

About Author