16.07.2022 Скопје
Илхан Ќучук, кој е известувач за Северна Македонија, на твитер напиша дека Собранието на Република Северна Македонија пишува историја за европската иднина на земјата.
Европратеникот и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук, кој е и лидер на Европските Либерали напиша и дека со 68 гласа „ЗА“ бил усвоен францускиот предлог, а со тоа конечно се отвориле вратите за членство на земјата во Европската Унија. Воедно, во објавата стои и дека е време да се оди напред, испишана е историја за иднината на Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.