https://www.facebook.com/photo/?fbid=575401980809615&set=a.563859858630494

26.07.2022 Скопје

На 08.06.2022 година, Наќе Чулев е суспендиран од работа. Причина за суспензијата е добиеното Решение од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации со кое се регулира материја поврзана со безбедносниот сертификат. Претходно Чулев на социјалната мрежа фејсбук, објави дека по 25 години во служба, повеќе не е дел од безбедносниот систем.

Чулев наведува дека сите овие години бил во првите редови на одбраната на уставниот поредок, територијалниот суверенитет и интегритет и безбедноста и интересите на Северна Македонија. Чулев напиша дека ја сака својата држава, имал учествувано на многу операции за поддршка на меѓународната безбедност и имал добиено многу награди и признанија и сега се соочува со ситуација каде што по цели 25 години заложби, повеќе не е дел од службата за татковината.

Подготвено од М.Н.

About Author