https://www.instagram.com/olepetrovaofficial/

08.07.2022 Скопје

Ќерка на македонски политичар и млада манекенка која била дел од извесна банда на познат либански диџеј, кој живее на островот Миконос, е уапсена на грчкиот остров за учество во криминална организација, која дилала кокаин и ХТС во клубовите на островот. Покрај 21-годишната Македонка, уапсен е и 34-годишник од Скопје и 35-годишниот либански диџеј со грчко државјанство од добро ситуирано семејство со адреса на живеење во Атина.

Полицијата извесно време ја следела бандата, а екипата од Скопје имала различни улоги. 34-годишникот од Скопје бил водич, а по негова наредба ги упатувал своите соучесници каде да ја чуваат и каде да ја продаваат дрогата. Додека пак, впечатливата 21-годишна манекенка, чиј татко е политичар, а мајка и е адвокатка, имала задача да ги наоѓа клиентите.

Откако полицијата дознала дека се подготвуваат да се преселат на друго место, за да ги покријат трагите, решиле да интервенираат. По направената рација во домот, каде што биле сместени, пронајдени се докази и ги уапсиле членовите на бандата. Пронајдени биле 437 таблети ХТС, 220 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин, 159,4 грама канабис и истите се запленети.

36-годишниот жител на Атина, кој потекнувал од добро ситуирано семејство и вообичаено летувал на Миконос, имал во него 3,7 грама кокаин и по изјавата која ја дал во полицијата, тврдел дека дрогата ја набавил од криминалната група.

Истрагата за идентификување на нивните контакти се уште трае.

Подготвено од М.Н.

About Author