Photo by Timur Saglambilek: https://www.pexels.com/photo/white-concrete-building-under-sunny-blue-sky-87223/

11.07.2022 Скопје

Во период од 2010 година до првиот квартал од 2022 година кириите се зголемени за 17 отсто, а цените на куќите за 45 проценти.

Според податоци од ЕУ, цените на куќите се зголемиле во 24 земји членки на ЕУ, а се намалиле само во три земји.

Состојбата во Северна Македонија укажува на мало успорување и стагнација на цените на недвижнините, поради фактот дека истите го достигнаа својот „плафон“. Цените на становите во Скопје се разликуваат во зависност од местоположбата. Во централното градско подрачје цените се највисоки, околу 1 500 евра за метар квадратен, веднаш зад нив е дел од Карпош, па следи Аеродром со цена од околу 1 300 евра за метар квадратен.

Photo by Luis Yanez: https://www.pexels.com/photo/white-concrete-2-storey-house-206172/

Бројките покажуваат дека просечната цена за метар квадратен стамбен простор во Скопје во изминатите три години е зголемена за 20 отсто, а во периодов цените варираат од 1 000 до 1 800 евра за квадрат. Најниски цени имаат населбите кои се подалеку од Центар, а во централното гратско подрачје и Карпош цените остануваат високи со можно уште повисоко покачување.

Подготвено од М.Н.

About Author