17.07.2022 Скопје
Претседателот на опозициската партија во Република Северна Македонија изјави дека ќе продолжат и понатаму да се борат и нема да застанат тука. Ќе излезат со предлог пред ИК, да се разгледа можноста за референдумско изјаснување со собирање на 150 000 потписи, граѓаните треба да излезат на референдум и да се изјаснат дали ја поддржуваат или не капитулацијата на Владата.
Христијан Мицкоски потенцираше дека цени дека граѓаните треба да си го дадат своето мислење и дека тоа е следната иницијатива на партијата, која што е во опозиција. Мицкоски смета дека тоа потпиша Бујар Османи денес, не значи дека се е завршено и ги повика граѓаните да се обединат, да се соберат 150 000 потписи и да се направи референдумско изјаснување, за да се изборат против лошите политики и манипулации на власта.
Подготвено од М.Н.