19.07.2022 Скопје
Европската Унија и покрај санкциите и замрзнувањето на средствата што ги поседуваат руските банки е подготвено да одмрзне дел од тие средства за да дозволи трансакции за трговија со храна и ѓубрива.
Брисел наводно има намера да го олесни извозот на храна од руските пристаништа, кои се суспендирани поради санкциите од Западот.
Според информации од Организацијата за храна во 2021 година, Русија и Украина биле меѓу водечките извозници на главна храна, пченица и пченка, а Русија беше водечка земја и во извозот на ѓубрива.
Откако е почната војната во Украина, Европската Унија има воведено шест пакета санкции против Русија, вклучувајќи и финансиски и банкарски санкции.
Подготвено од М.Н.