09.07.2022 Скопје
Бугарското МНР е незадоволно од фактот што договорот и протоколот не е формален критериум за отворање и затворање на преговорите. Во овој поглед, нацрт-преговарачката рамка не е соодветна со Рамковната позиција од 2019 година, бидејќи имплементацијата на договорот за добрососедства и Протоколот од член 12 не претставуваат формален критериум од преговорите.
Во известувањето од бугарското МНР се вели дека не е предвидена улога на Советот на ЕУ (Г.Е.Бугарија) во оценката дали Република Северна Македонија го спроведува билатералниот протокол, а оваа оценка е препуштена на Европската Комисија.
Бугарското Министерство за надворешни работи е незадоволно и смета дека за нив е е проблематично тоа што Северна Македонија добила чист македонски јазик во преговарачката рамка.
Подготвено од М.Н.