26.07.2022 Скопје
Бугарскиот аналитичар Михаел Крстев, напиша колумна за францускиот Предлог – Преговарачка рамка на Македонија со ЕУ.
Крстев напиша дека бугарскиот национален интерес бил категорично продаден.
Бугарија како земја која е во посилна позиција, земја која наметна вето, немаше потреба да гласа за ништо пред тоа да го направи Парламентот во Северна Македонија. Гледаме дека неколку недели откако францускиот предлог беше изгласан во Скопје, огромен дел од институциите кои се занимаваат со јазичната и историската култура во Северна Македонија се изјаснија против него, велејќи дека македонскиот јазик и историја тргнуваат од делото на Кирил и Методиј и тоа е посегнување не само на последните векови од бугарската историја, туку и на целата нејзина историја. Со овие факти не може да се определи дали бугарскиот национален интерес е продаден или пак подарен, напиша аналитичарот Крстев.
Подготвено од М.Н.