https://twitter.com/TGenchovskaMFA/status/1470493273324204034/photo/1

06.07.2022 Скопје

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, изјави дека реакцијата во Северна Македонија на европскиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на државата е доста загрижувачка за една демократска земја.

Генчовска, по денешната седница на бугарската Влада во оставка, рече дека треба да им се даде можност на нивните заедници да објаснат што е овој пакет. Воедно, додаде и дека она што може да се направи од бугарска страна е да не се шпекулира со информации објавени во медиумите во Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи на Бугарија строго ја почитува одлуката на бугарското Народно Собрани и според Генчовска колегите во Северна Македнија треба да поминат низ процес согласно процедурите и да ги разгледаат документите преку нивната Влада и нивниот Парламент.

Подготвено од М.Н.

About Author