11.07.2022 Скопје
На официјалната посета во Црна Гора, бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека категорично ја потврдува поддршката за влез во ЕУ на Црна Гора. Воедно, додаде дека Бугарија се надева дека патот кон реформите ќе биде забрзан и заедно ќе го означат конечниот успех на Црна Гора и патот кон пристапување во ЕУ.
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ се заблагодари на Бугарија за поддршката која им ја даваат на Црна Гора за влез во Европската Унија и изјави дека најголема инвестиција на ЕУ за мирот на Европа е интеграцијата на Западен Балкан. Според Ѓукановиќ, важно е соседите да ја знаат историјата на регионот, како и неговите дефицити и недостатоци за да може правилно да се процени што е потребно на регионалниот развој.
Средбата на двајцата претседатели се одржа во историската престолнина Цетиње, по што Радев изјави дека Бугарија очекува да ја пречека Црна Гора како поноправна членка на европското семејство.
Подготвено од М.Н.