20.07.2022 Скопје
Претседателот на опозициската партија, Христијан Мицковски, изјави дека референдумско прашање нема да биде за промена на Уставот за влез на Бугарите во истиот, можно е Бугарија да се откаже од тоа барање во корист на Преговарачката рамка со билатералниот договор и Протоколот да станат европска преговарачка рамка за Македонија. Исто така, додаде и дека Уставот предвидува два типа референдум, пред и по донесување на одлука и тоа е погрешната стратегија на власта и нивните ментори.
Според опозицијата, Софија може да се повлече пред вториот кластер и ако тоа се случи, ќе значи дека Владата ќе ја прифати Преговарачката рамка и тогаш билатералниот договор ќе стане европски.
Лидерот на опозицијата повторно истакна дека информацијата за референдумот денеска ќе биде пред Извршниот одбор на партијата, а утре пред Централниот одбор.
Консултациите за референдумот се процес кој ќе трае и ќе требаат три месеци за собирање на 150 000 потписи.
Собранието ќе биде должно да распише референдум, ако на барањето се потпишат 150 000 граѓани, но клучна ќе биде формулацијата на референдумското прашање.
Подготвено од М.Н.