https://www.flickr.com/photos/biomedfit/49744686763/in/photolist-2iMLwia-2iMQYd2-2iMQYkX-2iMLwpC-2iMLw6M-2iMPj8k-2iMPjcy-2iMLwbS-2iMLwmG-2iMLwbg-2mdP44d-29bsKz7-2iMwAFa-2iMs9gf-4HtGx8-2nz8rPX-8DEid9-2dXRg15-2am3Vkb-27xHPby-fMFMig-PT8hCa-fqH1h3-fqH1Ej-81hekQ-fqsJfX-fqsKrH-fqGZCo-fqsL9n-fqH2cd-81e5sD-81het1-W5M3KB-81e5xn-W5M3Yn-2mdR27V-81e5CD-81henq-81heuN-81e5HK-LEFUNL-X7eTWz-5XFNAR-X7eTYD-5XFP7t-2dMF78Z-X7eTZR-LXxvPy-81hepA-A7Vg5s

31.07.2022 Скопје

Од битолскиот Хепар центар, здружение што ги обединува заболените од хепатитис, предупредуваат дека драматично е зголемен бројот на заболени од вирусен хепатитис во Македонија, а претпоставките дека 1 процент од населението боледува од оваа болест, која е водечка причина за цироза и рак на црниот дроб, се зголемија на 1,5 проценти.

Од Хепар центар бараат здравствените власти фокусот на активности да го стават на елиминација на хепатитисот, имунизација, континуитет во набавката на лековите, но и воведување на современа дијагностика.

Воедно, на Светскиот ден на хепатитис што се одбележа под мотото „Јас не можам да чекам“, од Хепар центарот посочија дека е загрижувачки податокот дека 90 отсто од заразените кои живеат со вирусен хепатитис не се свесни дека го имаат и затоа е важно подигањето на свеста кај населението од опасноста од ова заболување, навремено тестирање и лекување.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author