14.07.2022 Скопје
Со силно полициско обезбедување, центарот на Скопје од утрово е затворен, поради најавениот протест за собраниската седница за францускиот предлог и обраќањето на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во законодавниот дом.
Денес пред пратениците во Собранието на дневен ред е предлогот од Франција. По завршувањето на седницата, Собранието ќе ја одржи 81 планетарна седница, на која пратениците ќе расправаат за информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.
Пред Собрание во 12 часот ќе биде одржан протест против францускиот предлог, кој во изминатите десетина денови се одржуваше во 19 часот. Дел од граѓаните кои протестираат, претходната ноќ поставија шатори во паркот „Жена Борец“ спроти Собранието и ноќта ја поминаа таму.
Додека народот кажува „НЕ“ за предлогот од Франција, владеачката партија утрово преку соопштение повтори дека францускиот предлог обезбедува почеток на преговорите со ЕУ и чиста формулација, односно македонски јазик во Унијата.
Подготвено од М.Н.