07.07.2022 Скопје
Во мирна атмосфера, далеку од оние тензични неколку денови, помина вчерашниот протестен марш поради францускиот предлог за почнување на пристапни преговори со ЕУ. Протестната колона од неколку илјади демонстранти заврши пред Собранието, каде останаа околу илјада луѓе.
Собранието соопшти дека преговарачката рамка стигнала во законодавниот дом, но за вечерва не е планирана седница на таа тема.
Од страна на демонстрантите се бараа оставки од Владата, односно од оние кои ја доставиле преговарачката рамка до Собранието. Организаторите на овие протести под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“ за утрешниот ден најавија дека освен протести во главниот град, ќе има блокади низ целата држава со почеток од 13 часот.
Подготвено од М.Н.