22.07.2022 Скопје
Вероник Улман е новоименуваната амбасадорка на Швајцарија во Република Северна Македонија.
Министерот за економија Крешник Бектеши оствари средба со Вероник Улман, на која и посака многу успех на новата должност и се заблагодари за досегашната поддршка која државата ја добива од Владата на Швајцарија.
Бектеши, во објава на фејсбук, посочи дека двете земји имаат традиционално одлична соработка, за што и двајцата се согласиле дека има голем простор за уште повеќе да се напредува. Исто така, во објавата стои и дека уште еднаш ги потврдиле заедничките заложби за продолжување на комуникацијата во насока на подобрување на економијата на двете земји и изнаоѓање на најсоодветни решенија, за уште поголем економски развој.
Подготвено од М.Н.