10.07.2022 Скопје
Британското министерство за одбрана соопшти дека борбени авиони на британското кралско воздухопловство полетаа за Финска и Шведска на заеднички вежби. Британскиот министер за одбрана, Бен Волас, ја нагласи посветеноста на Обединетото Кралство за зајакнување на колективните одбранбени способности.
Вежбата, исто така, е и поради напорите на земјите да се приклучат на НАТО поради инвазијата на Русија врз Украина.
Два најсовремени авиони F-35 се меѓу авионите кои учествуваат во вежбата. Британската одбрана соопшти дека тие спроведуваат врвна обука за борби, заедно со четири Typhoon на РАФ, фински F-18 Hornet и шведскиот Gripen.
Волас истакна дека Финска и Шведска се важни одбранбени партнери и дека пристапувањето во НАТО ќе ја направи Алијансата посилна, бидејќи се соочуваме со нова закана во Европа.
Шведскиот министер за одбрана, Петер Хултквист, изјави дека обуката ќе ја зајакне шведската способност за да се дејствува заедно како одговор на кризата во соседната земја, односно Украина.
Финското министерство за одбрана објави дека планира да купи сопствен F-35, борбен авион, кој е еден од најнапредните и најскапите авиони во Обединетото Кралство.
Владата на Русија силно се противи на нивното приклучување кон НАТО и упати закана поради нивните планови да го реализираат тоа.
Процесот првично наиде на блокада од Турција, но сепак тоа противење беше укинато на крајот на јуни, откако Турција потпиша договор за безбедност, кој се однесуваше на нејзините грижи, на неодамнешниот Самит на НАТО во Мадрид.
Изминатава недела, Парламентот на Финска донесе одлука за измена на Законот за граничен чувар и состојба на подготвеност, со што се овозможи дополнително зајакнување на границата со Русија.
Подготвено од М.Н.