23.07.2022 Скопје
Во соопштение од владеачката партија се вели дека на лидерот од опозицијата му потонале сите обиди да ја закочи државата и да ја блокира европската иднина на Република Северна Македонија.
Во соопштението стои и дека секогаш кога државата се движи во вистинска насока, опозицијата прави се, како во овој случај крвавите сценарија за дестабилизација и предизвикување етнички конфликти, за да го попречи напредокот. Исто така, стои и дека најавите за референдум против заклучоците на Собранието за заштита на македонскиот идентитет и против македонскиот јазик во Европската Унија, не се ништо друго освен обична фарса за да може да ги прекрие проблемите во партијата, власта заедно со граѓаните нема да го дозволи тоа и нема да го поддржи референдумот, кој е против заштитата на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со Европската Унија.
Подготвено од М.Н.