https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/b/bc/Joe_Biden_%2848651032061%29.jpg

15.07.2022 Скопје

Главни теми за разговор меѓу американскиот претседател, Џо Бајден, и Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз и престолонаследникот Мохамед бин Салман, ќе бидат снабдувањето со енергија, човековите права и безбедносната соработка.

Советниците на Белата куќа не појаснија дали Бајден ќе се ракува со принцот, кој де-факто е владетел на кралството.

Американскиот претседател ќе оствари средба и со голем број арапски лидери на Самитот во Џеда. Бајден ќе биде првиот американски претседател што ќе лета од Израел директно во Џеда, и нема да избегнува да зборува за човековите права кога ќе ја посети Саудиска Арабија.

Енергетските и безбедносните интереси ја натераа американската администрација, да не ја изолираат Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта кога земјата ги зајакнува врските со Русија и Кина, а во околности кога кај земјите од Заливот доминира загриженост поради наводното повлекување на САД од регионот.

За време на престојот во Саудиска Арабија, Бајден ќе истакне пораки за поддршка на мирот, а во неговата посета на Израел, Бајден и премиерот Јаир Лапид, потпишаа заедничка декларација со која се обврзаа да го оневозможат Иран да произведе нуклеарно оружје.

Подготвено од М.Н.

About Author