28.07.2022 Скопје
Преку видео порака, на конференцијата во Тирана по повод 100-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу САД и Албанија, се обрати американскиот претседател Џо Бајден.
Бајден во видео пораката изрази континуирана подршка за Албанија, и им се заблагодари на Албанците за поддршката на Украина за време на руската агресија. И поранешниот претседател Џорџ Буш им честиташе на Албанците за односите со САД. На официјалната церемонија за обележување еден век дипломатски односи, што се одржа под слоганот „заедно рамо до рамо“ свое обраќање имаше и претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. Овие 100 години ја потврдуваат определбата за продолжување на соработката во тешки и убави времиња, во клучни моменти на историјата и во предизвиците на безбедноста и мирот во регионот и во светот, кажа Бегај.
На конференцијата во Тирана, свое обраќање имаа и премиерот Еди Рама и американската амбасадорка Јури Ким.
Подготвено од М.Н