07.07.2022 Скопје
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, денеска беа на увид за градежните активности на автопатската делница Кичево – Охрид.
Вкупниот прогрес на градежните работи на автопатот е околу 70 отсто. Во текот на работната посета, тие одржаа и координативен состанок со претставниците од градежната компанија и со надзорот, каде им беше презентирана динамиката со која се реализира овој проект.
Министерството за транспорт и врски соопшти дека на состанокот се разговарало и за роковите на изградбата на петте подделници од кои петата е од Аеродромот „Свети Апостол Павле“ до Охрид, која треба да биде пуштена за сообраќај до крајот на годината.
Подготвено од М.Н.