https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/b/be/Secretary_of_Defense_Chuck_Hagel_hosted_a_meeting_with_Secretary%2C_Security_Council_Nikolay_Platonovich_Patrushev_at_the_Pentagon.jpg

19.07.2022 Скопје

Поранешниот шеф на тајната служба ФСБ и секретар на Советот за безбедност на Кремљ, Николај Патрушев, итно бил пренесен во болница откако се чувствувал лошо и се шпекулира дека преживеал атентат со труење.

Патрушев е десна рака на Путин поради што Путин му ја предава власта кога тој е отсутен поради медицински причини.

Резултатите од токсиколошките тестови, покажале дека Патрушев бил погоден со синтетички отров и за среќа се спасил со навремена медицинска помош и веројатно со недоволно висока концентрација на отровната материја, која преку кожата навлегла во телото.

По укажаната помош, Патрушев во стабилна состојба бил пренесен дома и во изјава за медиумите се додава дека информациите за самиот обид за атентат и истрага се чуваат строго доверливи.

Подготвено од М.Н.

About Author