https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/271789005_384020813524139_8504006942114873058_n.jpg?_nc_cat=107&ccb=1-7&_nc_sid=09cbfe&_nc_ohc=lI039GaXOkwAX9BO6HY&tn=AhqWxSBONkE1XWV9&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT9bVLH6mR3Pt7-BegS75r8HIRnuonzZ3hlrLPEBZn1_Gg&oe=62D6C54C

14.07.2022 Скопје

Пред усвојувањето на дневниот ред за седницата на Собранието, на која се расправа за францускиот предлог, пратеникот Апасиев постави прашање: „Зошто има вооружени лица во Собранието и дали со тоа се шири страв меѓу пратениците?“.

https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t1.6435-9/140378757_280428293416350_7080019237010072219_n.jpg?_nc_cat=106&ccb=1-7&_nc_sid=174925&_nc_ohc=2Fah9LVu2KIAX9MwcOS&tn=AhqWxSBONkE1XWV9&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT8s0Z4cmbTFTytL9D4FbYdoxfCx7zdSjJmaO6ZLiJpE5A&oe=62F59DA9

Апасиев како процедурална забелешка истакна дека според Правилникот за одржување на редот во Собранието, во Собранието не може да влегуваат вооружени лица и со тоа побара одговор од претседателот на Собранието и службите за тоа кои се тие лица.

https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/290579646_590090752488897_4866836404688261824_n.jpg?_nc_cat=100&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=JbF0U880Cr0AX9YijwZ&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT91KjenP98ycmtwd3IjfV1kaQCTYzB6hCSxA6R_xfDC_g&oe=62D57666

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, одговори дека доколку се повикува пратеникот на Правилникот за одржување на редот, да го прочита до крај. Џафери додаде дека обезбедување на претседателот на државата, на министри за кои е пропишано физичко обезбедување, за нив е дозволено да бидат во придружба на тие лица било каде да се движат, па и во Собранието и дека тие правила важат уште од бившиот систем, тоа претставувало пропис.

Потоа беше усвоен дневниот ред, односно да се расправа за францускиот предлог.

Претходно, Џафери не му дозволи процедурален збор на пратеникот Борислав Крмов, кој бурно реагираше доближен до Џафери. Џафери на тоа реагираше дека никој на никого не треба да се заканува и најпрво треба да добие збор по пријавување во системот.

Подготвено од М.Н.

About Author