https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c7/Kate_Marie_Byrnes_official_photo.jpg/835px-Kate_Marie_Byrnes_official_photo.jpg

08.07.2022 Скопје

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз изјави дека доколку Северна Македонија го направи првиот чекор и го прифати францускиот предлог за преговарачкиот процес, на преговарачката маса земјата ќе може да направи различни избори кога ќе процени дека нејзините забелешки не се земаат во предвид. Американската амбасадорка пренесе и охрабрување на САД до Северна Македонија во врска со евроатланските интеграции. Брнз со отворено писмо до јавноста, нагласи дека земјава го достигнала историскиот момент од нејзиното долго патување кон Европската Унија. Брнз додаде и дека сакаат да видат како демократска земја, како Македонија ги остварува придобивките, што произлегуваат од активниот процес на пристапување кон ЕУ и дека ги користи правата како земја членка на Унијата, воедно истакна и дека Македонија има донесено тешки одлуки со очекување на напредок, сега треба да донесе уште една токму заради предизвиците со кои се соочува, САД ја охрабрува Македонија за да продолжи по тој пат со моменталниот предлог за пристапување во ЕУ.

Македонија ја оствари првата аспирација, влезе во НАТО, сега САД сака да види како се остваруваат придобивките што произлегуваат од активниот процес на пристапување кон ЕУ, со што според нив пристапувањето кон ЕУ, Северна Македонија ќе ја направи посилна земја.

Во објавата на амбасадорката Кејт Мари Брнз стои дека целата процедура е напорна работа и бара тешки одлуки, за тоа веќе Македонија е свесна затоа што веќе има донесено таква одлука, но прифаќањето на овој предлог значи дека конечно ќе има место на масата за пристапни преговори. Воедно, стои и дека откако ова демократско општество ќе ги започне преговорите, ќе има многу повеќе алатки на располагање, благодарение на новата методологија, раниот пристап до фондовите и програмите на ЕУ, кои ќе може да се користат за реализација на сопствените цели и изградба на иднина каква што Македонија посакува за себе и за своите деца. Иако можеби не е совршен, предлогот го прави она што е потребно, ги заштитува клучните интереси и овозможува отпочнување преговори и динамичен процес на скриниг за Македонија. Сепак, според Брнз изборот за Македонија да продолжи напред е сопствена одлука како суверена нација. Исто така, Брнз истакна дека суштината на демократијата е слободата на избор како наш пријател, САД се надеваат дека ќе го избереме најдоброто за нашата земја денес, а и за иднината.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *