14.07.2022 Скопје
Србскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека конфликтот во Украина, всушност веќе се претвори во светска војна. Вучиќ истакна дека Западот се бори против Русија, преку своите сојузници во Киев и мора да се разбере дека сме среде светска војна, бидејќи нема смисла веќе да се нарекува регионален конфликт, затоа што цел Запад се бори против Русија преку Украинците.
Претседателот на Србија додаде дека оваа војна ќе стане уште полоша, а нејзиниот одзив може да се почувствува и на Балканот, Русија наскоро ќе му пристапи на Западот со „некој предлог“, особено во контекст на напредувањето на руските сили во Донбас, и ако Западот не го прифати предлогот, а нема да го прифати, ќе настане „пекол“.
Претседателот Александар Вучиќ е свесен за тоа што следи и ќе направи се што е во негова моќ за да го зачува мирот во Србија.
Подготвено од М.Н.